САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР Преговорите во Женева биле длабински и конструктивни

446

Американскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале „договор“ за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, пренесе ДПА.

Од друга страна, кинескиот вицепремиер Хе Лифен изјави дека преговорите во Женева биле отворени, длабински и конструктивни.






Грир потсети дека минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „национална вонредна состојба“ поради огромниот трговски дефицит со Кина, кој изнесува 1,2 трилиони долари.

– Убедени сме дека договорот што го постигнавме со нашите кинески партнери ќе ни помогне да работиме на решавање на оваа национална вонредна состојба – додаде Грир.

Претходно, американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој исто така беше во Женева, изјави дека е постигнат „значителен напредок“.

Поврзани содржини