САД И ИРАН ДОГОВАРААТ ДИРЕКТНА СРЕДБА ВО ПАКИСТАН? Информација од шефот на германската дипломатија
Според Јохан Вадефул, почетните позиции на Вашингтон и на Техеран веќе се разменети писмено преку посредници.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска изјави дека САД и Иран одржале индиректни разговори и дека претставници од двете страни планираат наскоро да се сретнат во Пакистан.
– Според информациите што ги имам, имало индиректни контакти и се направени подготовки за директна средба, која би можела наскоро да се одржи во Пакистан – изјави Вадефул.
Според него, се чини дека почетните позиции на Вашингтон и Техеран веќе се разменети писмено преку посредници, објави списанието „Дер Шпигел“.
– Ова е позитивен знак – коментираше Вадефул и ја нагласи важноста на самиот факт што двете страни во конфликтот разговараат.