САД ГО ЗАБРАНУВААТ АБОРТУСОТ? Најконтроверзната одлука во историјата на Врховниот суд
Само неколку часа откако Политико ја објави информацијата, маса револтирани демонстранти пред Врховниот суд ги повикаа Демократите во Конгресот да преземат акција за заштита на правото на абортус, истовремено осудувајќи ја евентуалната одлука да се негира основното човеково право, пренесува Танјуг. Засега, Врховниот суд не ги коментира написите на Политико.
Активистите против абортусот и поддржувачите на легалниот абортус денеска излегоа на улиците на Вашингтон по веста дека Врховниот суд на САД ќе гласа да ја поништи пресудата од 1973 година со која абортусот се легализираше низ САД. „Њујорк тајмс“ оценува дека ова би можело да биде најконтроверзната одлука во историјата на највисокиот суд во Америка, пишува порталот Политико.
Ројтерс досега не можеше да ја потврди оваа информација од независни извори, но доколку е точна, би било преседан предлог-одлуката на Врховниот суд да биде јавно објавена пред нејзиното официјално објавување.
Само неколку часа откако Политико ја објави информацијата, маса револтирани демонстранти пред Врховниот суд ги повикаа Демократите во Конгресот да преземат акција за заштита на правото на абортус, истовремено осудувајќи ја евентуалната одлука да се негира основното човеково право, пренесува Танјуг.
– Ова е морално прашање, и ако е морално прашање, не треба да ни се ускрати правото да избираме независно – вели 19-годишната студентка Ени Мекдона.
Според демонстрантите, абортусот е составен дел од здравствената заштита на секој граѓанин.
Абортусот веќе 50 години е едно од прашањата кои најмногу ја делат Америка. Засега и Врховниот суд на САД и Белата куќа одбија да ги коментираат написите на порталот Политико.