САД ГО ПОТВРДИЈА НАПАДОТ ОД ИРАН Нема жртви и повредени, базата Ал-Удеид е во готовност

Главната база во североисточна Сирија каде што се наоѓаат американските трупи е во целосна готовност и мобилизирана за можни напади од Иран или неговите поврзани групи, додека Бахреин и Кувајт го затворија својот воздушен простор како мерка на претпазливост, по нападот на Иран врз американските бази во Катар и во Ирак.

1,572

Нема жртви кај американските сили во воената база во Катар откако Иран нападна со проектили нивната база Ал-Удеид, јавија американски медиуми повикувајќи се на функционери во Вашингтон.

– Можам да потврдам дека воздухопловната база Ал-Удеид денес беше нападната со балистички ракети со краток и среден дострел со потекло од Иран. Во овој момент нема извештаи за жртви од САД – рече функционерот.






Нема прекин во испораките или производството на државната компанија „Катар Енерџи“ по нападот на Иран врз американската воена воздухопловна база Ал-Удеид во Катар, изјави извор директно запознаен со ова прашање.

Главната база во североисточна Сирија каде што се наоѓаат американските трупи е во целосна готовност и мобилизирана за можни напади од Иран или неговите поврзани групи, додека Бахреин и Кувајт го затворија својот воздушен простор како мерка на претпазливост, по нападот на Иран врз американските бази во Катар и во Ирак.

Весникот Њујорк тајмс објави дека Иран ги координирал нападите врз воздухопловната база во Катар и испратил претходно предупредување до таа земја со цел да се избегнат човечки жртви.

Иран изврши ракетни напади врз американска база во Катар како одговор на американското бомбардирање на иранските нуклеарни објекти. Американските власти негираа дека е нападната нивна воена база во Ирак.

Катарските власти изјавија дека ракетите биле пресретнати и дека немало жртви, осудувајќи го нападот на Иран, но истакнувајќи дека Катар го задржува правото да одговори со пропорционална сила.

📽️ ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА КОН САД Нападната американската база во Доха, детонации има и во Ирак

Поврзани содржини