САД ГО ОДЛОЖИЈА РОКОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ НА ЛУКОИЛ ВО СТРАНСТВО Новиот рок е 29 октомври

Со посебна дозвола, OFAC вчера го продолжи рокот за склучување трансакции со бугарските подружници на Лукоил, вклучувајќи ја и рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.

71

Министерството за финансии на САД повторно го продолжи рокот за продажба на имотот во странство на руски „Лукоил“. Општата дозвола објавена на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД сега ќе  важи до 29 октомври оваа година.

Вашингтон воведе санкции врз Лукоил и Роснефт кон крајот на октомври, со образложение дека сака да го ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина, но  неколкупати ги одлагаше.

Меѓународната филијала на Лукоил, со седиште во Виена, поседува мрежа од околу 2.000 бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги оние во САД. Американската мрежа вклучува 200 станици во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк.

Со посебна дозвола, OFAC вчера го продолжи рокот за склучување трансакции со бугарските подружници на Лукоил, вклучувајќи ја и рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.

Поврзани содржини