САД го одбија предлогот на Путин за продолжување на СТАРТ без предуслови

398

САД го одбија денеска предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на заедничкиот Договор за намалување на оружјето (СТАРТ) за најмалку една година, без никакви предуслови.

– Нема ништо од предлогот на Путин – изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајен.






Тој во писмена изјава потсети дека САД предложиле продолжување на новиот договор СТАРТ за една година, а за тоа време земјите да го замрзнат својот нуклеарен арсенал.

Путин претходно денеска предложи да се продолжи постоечкиот договор без никакви предуслови за најмалку една година.

– Тоа е се со цел непречено да водиме значајни разговори за сите бројни прашања, за да не ги оставиме и Русија и САД, но и сите земји во светот, без ваков значаен договор како што е новиот СТАРТ – истакна Путин.

Поврзани содржини