САД ги продолжи санкциите против Белорусија за една година

Активностите и принципите на некои членови на белоруската Влада и други лица, продолжуваат да претставуваат голема опасност за националната безбедност и внатрешната политика на САД.

257

САД ги продолжија санкциите против Белорусија за една година поради закана за националната безбедност од „одделни членови на Владата“ на таа земја, се наведува во соопштение потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп.

– Активностите и принципите на некои членови на белоруската Влада и други лица, продолжуваат да претставуваат голема опасност за националната безбедност и внатрешната политика на САД… Ќе ги продолжам санкциите, кои се воведени со претседателскиот указ 13405, за уште една година, пишува во соопштението.






Претседателскиот указ 13405 е потпишан на 16 јуни 2006 година по изборите во Белорусија, кои САД ги оценија како „недемократски“.

Поврзани содржини