САД ГИ ЕВАКУИРАAT ДИПЛОМАТИТЕ ОД КАБУЛ Талибанците напредуваат кон градот
Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи во Кабул да испрати 5.000 војници наместо 3.000 како што беше планирано за да ја обезбедуваат евакуацијата на вработените во амбасадата и американските граѓани кои се во Авганистан.
Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул, изјавија денеска два официјални извора за западни медиуми.
„Во моментов, додека зборуваме, заминува мала група. Поголемиот дел од персоналот се подготвотвува да замине… Амбасадата продолжува да функционира”, изјави еден извор, кој побарал анонимност.
Евакуацијата на амбасадата и американските цивили ќе се реализира под заштита на 5.000 војници кои САД ги испраќа во Кабул.
Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул, наместо 3.000 претходно најавени, со цел да се обезбеди евакуација на американски дипломати и авганистански цивили.
Тој и американската потпретседателка Камала Харис утрово одржаа видео конференција со претставници на националната безбедност како одговор на влошената ситуација во Авганистан.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека разговарале за напорите за евакуација на американските цивили од Авганистан, како и Авганистанците кои работеле за американската влада, и за брзите промени на теренот.
Евакуацијата на повеќето американски дипломати се очекуваше да почне денеска, бидејќи талибанците продолжуваат да напредуваат и ќе бидат пред Кабул во наредните денови. Утрово тие без борба го зазедоа источниот авганистански град Џалалабад со што имаат контрола врз патиштата кон Пакистан. Џалалабад е последниот голем град во Авганистан, покрај Кабул, што беше под контрола на централната влада.