САД ЌЕ ВОВЕДАТ ЦАРИНА ОД 10% ЗА 100 ЗЕМЈИ Многу повисоки стапки се планираат за Европската Унија, Јапонија и за Индија

Земјите кои не се во преговори со Трамп би можеле да се соочат со уште повисоки царини - вклучувајќи 50% за Лесото, 47% за Мадагаскар и 36% за Тајланд.

151

Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10% за околу 100 земји, изјави синоќа американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „бран“ трговски договори пред крајниот рок на 9 јули, кога царините треба драматично да се зголемат.

Доколку 100 земји бидат погодени со царини од 10%, тоа би било помалку од 123-те земји што првично ги проектираше администрацијата на Трамп.






Во април, американскиот претседател привремено ги намали царините за сите земји на 10% за да им даде време да преговараат. Многу земји со почетна царинска стапка од 10% сè уште не преговарале со Трамп, со исклучок на Велика Британија, која во мај постигна договор за одржување на стапка од 10% и доби преференцијален третман во некои сектори.

Главните трговски партнери кои моментално се во преговори со САД би можеле да се соочат со повисоки царини, вклучувајќи 20% за Европската Унија, 26 % за Индија и 24% за Јапонија.

Другите земји кои не се во преговори со Трамп би можеле да се соочат со уште повисоки царини – вклучувајќи 50% за Лесото, 47% за Мадагаскар и 36% за Тајланд.

Неделава  американскиот претседател објави дека постигнал договор со Виетнам со кој царините за многу виетнамски стоки ќе се намалат на 20% од првичните 46% и ќе им се даде на многу американски стоки пристап без царина до виетнамскиот пазар.

Поврзани содржини