САД ЌЕ ПРАТАТ ИНСПЕКТОРИ ВО КИНЕСКИТЕ ФИРМИ Алибаба и други гиганти се на удар

Американските регулатори повеќе од една деценија бараат пристап до ревизорските документи на кинеските компании на берзата во САД, но Пекинг не сакаше да дозволи американските регулатори да ги проверуваат неговите сметководствени фирми, наведувајќи ги грижите за националната безбедност.

186

Корпорацијата „Алибаба“ ќе биде на удар следниот месец, кога американските власти планираат да пратат инспекции за ревизија нејзиното сметководство, јавува Ројтерс. Вашингтон и Пекинг во петокот потпишаа договор со кој САД ќе можат да извршат инспекции во повеќе кинески гиганти и тоа на кинеско тло, со цел да се стави крај на долготрајниот спор во кој на 200 кинески фирми им се закануваше да бидат едноставно симнати од американската берза.

Американските регулатори повеќе од една деценија бараат пристап до ревизорските документи на кинеските компании на берзата во САД, но Пекинг не сакаше да дозволи американските регулатори да ги проверуваат неговите сметководствени фирми, наведувајќи ги грижите за националната безбедност.






„Алибаба“ е известена дека ќе биде меѓу првата група кинески компании чии ревизии ќе бидат проверени од американското ревизорско тело, наречено Одбор за надзор на сметководството на јавните компании (PCAOB) – во Хонг Конг, изјавија изворите за Ројтерс.

Понатаму, „ПвС“, сметководствената фирма на најголемата кинеска компанија за е-трговија, исто така е информирана за ревизорската работна инспекција, рекоа изворите, кои сакале да останат анонимни.

Од „Алибаба“ не одговориле веднаш на барањето за коментар од Ројтерс, додека портпаролот на „ПвС“ рекол дека политиката на компанијата е да не коментира за какви било прашања со клиентите.

Поврзани содржини