САД до Србија: Без воени злосторници за кандидати за пратеници

Ова на Твитер го објави американскиот комитет за надворешни работи, повикувајќи се на пишувањето на Балкан инсајт.

298

Парламентарната комисија за надворешни работи на САД јавно ја предупреди Србија дека на изборите не треба да има кандидати кои се воени злосторници, објави „Гласот на Америка“.

Ова на Твитер го објави американскиот комитет за надворешни работи, повикувајќи се на пишувањето на Балкан инсајт. Во текстот кој го објави Балканската истражувачка мрежа БИРН се наведува дека „двајца осудени воени злосторници се надеваат дека ќе бидат избрани за пратеници на изборите следниот месец во Србија, додека уште неколкумина, кои се бараат од судот на ООН или за кои постојат обвинувања за воени злосторства, се подготвуваат за трката за влез во Собранието, соопшти „Глас на Америка“.






Еден од нив е Драган Васиљковиќ, познат на Балканот како капетан Драган, воен злосторник кој се врати во Србија на 28 март годинава, откако беше ослободен од затворот во Хрватска каде издржуваше казна за злосторства кои во оваа земја ги има извршено во 1991 година, се наведува во текстот.

Друг воен злосторник кој ја има најавено својата кандидатура е ултранационалистички лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој беше осуден од Механизмот за меѓународни кривични судови за воени злосторства над Хрватите во 1992 година.

Драган Васиљковиќ кој најави кандидатура за пратеничко место во српското собрание, изјави дека ќе побара Милорад Улемек-Легија и Звездан Јовановиќ да бидат ослободени бидејќи и покрај правосиланта пресуда, „не знае дали Легија и Звездан се виновни за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.“

Поврзани содржини