САД до 2030 може да имаат жена претседател
Жени се наоѓаат на претседателската позиција во само 22 земји во светот, а 119 никогаш нема да ја имаат, покажуваат податоците на ОН, а жените држат малку повеќе од една четвртина од пратеничките места во парламентите низ светот.
Повеќе од 90 отсто од Американците сметаат дека САД до 2030 година би можеле да имаат жена претседател, покажуваат денеска објавените резултати од испитувањето на јавното мислење спроведено од Галуп.
Резултатите се објавени во момент кога потпретседателката на САД; Камала Харис се повеќе се смета како фаворит за претседателска номинација на Демократската партија во 2024 година.
Анкетата на Галуп спроведена во 74 земји покажала дека Американците најверојатно ќе се изјаснат дека жена би можела да ја води нивната држава до 2030 година.
Повеќето испитаници во само три земји Мавританија, Белорусија и Шри Ланка изјавиле дека не очекуваат жена на претседателската функција во годините кои доаѓаат, покажало испитувањето спроведено од 2019 до 2020 година, чии резултати се објавени на Меѓународниот ден на жената.