„САД БИ ИСПОРАЧАЛЕ ДО 50 ТОМАХАВКИ, ТОА НЕ Е БИТНА ПРОМЕНА“ Познатиот „Фајненшл Тајмс“ го анализира можниот исход од средбата Зеленски-Трамп

Директорка на одбранбените програми во Американскиот центар за нова безбедност, изјавила за „Фајненшл тајмс“ дека иако ракетите со долг дострел би можеле да ги надополнат беспилотните летала и домашните крстосувачки ракети на Украина, нивната употреба би била ограничена.

367

САД би можеле да ја снабдат Украина со меѓу 20 и 50 крстосувачки ракети „Томахавк“, пишува „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека овој број веројатно нема значително да го промени текот на војната.

Стејси Петиџон, директорка на одбранбените програми во Американскиот центар за нова безбедност, изјави дека иако ракетите со долг дострел би можеле да ги надополнат беспилотните летала и домашните крстосувачки ракети на Украина, нивната употреба би била ограничена.






– Секако не би било доволно за извршување трајни и длабоки напади на територијата на Русија – рече таа.

Според воените експерти, Вашингтон веројатно ќе задржи дел од капацитетот за други можни операции, вклучително и потенцијални напади врз цели во Венецуела.

Иако конечна одлука сè уште не е донесена, украинските власти тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп сега е поблиску до испорака на ракетите „Томахавк“ од кога било досега.

Трамп вчера изјави дека би можел да испрати ракети во Украина ако рускиот претседател Владимир Путин отфрли политичко решение.

– Можам да кажам ако оваа војна не се реши, ќе им испратиме „Томахавк“ – рече американскиот претседател.

Трамп претходно овој месец изјави дека „донекаде“ веќе одлучил за испораката на ракетите, но дека е важно за него да знае како Украина конкретно ќе го користи оружјето.

Американскот потпретседател, Џеј Ди Венс, потврди дека Вашингтон ја разгледува можноста за испорака на ракетите „Томахавк“, но истакна дека претседателот Трамп го има последниот збор.

Според „Аксиос“, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побарал ракетите Томахавк за време на состанокот со Трамп во септември на маргините на Генералното собрание на ОН.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин предупреди на 10 октомври дека евентуалната испорака на ракетите „Томахавк“ до Киев ќе предизвика одговор од Москва во форма на засилување на системот за воздушна одбрана.

„Томахавк“ е крстосувачка ракета со дострел до 2.500 километри, која се лансира од воени бродови и подморници и се користи за прецизни напади врз копнени цели длабоко на непријателска територија.

Поврзани содржини