САД БАРААТ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДА ЗАВРШИ ДО ЈУНИ Март е премногу амбициозен рок за крај на крвопролевањата

Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и веројатно ќе извршат притисок врз страните. Тие велат дека сакаат да завршат сè до јуни. И ќе сторат сè, за да се заврши војната. Тие сакаат јасен распоред на сите настани, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

47

САД поставија рок до јуни за Украина и Русија да постигнат договор за завршување на војна што трае речиси 4 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни.






– Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и веројатно ќе извршат притисок врз страните. Тие велат дека сакаат да завршат сè до јуни. И ќе сторат сè, за да се заврши војната. Тие сакаат јасен распоред на сите настани – вели Зеленски.

Тој рече дека САД предложиле следната рунда трилатерални разговори да се одржи следната недела во нивната земја, веројатно во Мајами.

– Го потврдивме нашето учество – рече Зеленски.

Претходно денеска медиумите, повикувајќи се на претставници кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на прашањето, објавија дека американските и украинските преговарачи разговарале за амбициозна цел Москва и Киев да постигнат мировен договор до март, иако тој рок веројатно нема да биде исполнет поради несогласувања околу клучното прашање – територијата.

Според рамката што ја дискутираат американските и украинските преговарачи, секој евентуален договор ќе биде ставен на референдум од страна на Украинците, заедно со парламентарните избори.

Русија врши притисок врз Украина да се повлече од Донбас, каде што борбите продолжуваат, но Киев одбива.

Поврзани содржини