СДСМ бара да се пронајдат и казнат напаѓачите на ЛГБТ активистот Асани

405
СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани, истакнувајќи дека во членка на НАТО недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.
„Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина. Концептот „Едно општество за сите“, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата“, велат од СДСМ.
Поврзани содржини