САД ЈА ПОБЕДИ ПАНАМА СО 131:12 Час по кошарка или понижување?

Финалниот резултат – 131:12, што значи разлика од цели 119 поени, претставува статистичка и психолошка катастрофа за младата селекција на Панама.

301

Едноставно неверојатно сценарио се одигра на четвртфиналето од Американскиот Куп за кошаркарки до 16 години – САД буквално ја „згазија“ репрезентацијата на Панама со резултат од 131:12, резултат кој несомнено ќе остане впишан како еден од најсрамните моменти во историјата на младинската женска кошарка на Панама.

Веќе по првите 10 минути беше јасно дека ова ќе биде натпревар без реална конкуренција – Американките поведоа со 48:2 и целосно доминираа на теренот. Ни втората четвртина не донесе ништо ново за Панама, која беше поразена со 28:6, додека третата заврши со 30:4.






Финалниот резултат – 131:12, што значи разлика од цели 119 поени, претставува статистичка и психолошка катастрофа за младата селекција на Панама.

Она што дополнително го истакнува овој тежок пораз е фактот дека само три кошаркарки од Панама успеаја да се запишат во листата на стрелци: Никилиз Алварез со пет поени, Џезмин Флорес со четири и Елијанис Кочеран со три поени. Остатокот од тимот остана без реализирани поени – сведоштво за колку тешко се снајдоа против феноменално подготвените Американки.

Поврзани содржини