САД ја обвинија Северна Кореја дека испрала најмалку 2,5 милијарди долари

330

Американското Министерство за правда синоќа ја обвини државната банка на Северна Кореја за непочитување на законот за американските санкции, а 28 севернокорејски и петмина кинески државјани за перење на пари, проневера и други кривични дела.

Според обвинението, тие преку севернокорејската Надворешно-трговска банка наводно испрале најмалку 2,5 милијарди долари преку меѓународниот банкарски систем.






Парите, според обвинението, се наменети за поддршка на севернокорејската нуклеарна програма.

Според „Вашингтон пост“, станува збор за најголем случај на кршење на санкциите од страна на Северна Кореја.

Поврзани содржини