САД ја надминаа бројката од 100.000 новозаразени со ковид-19 во еден ден

166

Нов рекорден број на нови инфекции со ковид-19 за еден ден е регистриран во САД вчера.

Според американски медиуми, најмалку 102.591 нови случаи биле пријавени еден ден по изборите во САД. Рекордни бројки на новозаразени се регистрирани во државите Колорадо, Ајдахо, Индијана, Мејн, Мичиген, Минесота, Род Ајленд, Вашингтон и Висконсин.






Во вторникот, за првпат по три месеци, бројот на хоспитализирани пациенти надмина 50.000.

Поврзани содржини