САД ЈА КАЖУВААТ ИСТАТА ПОРАКА И ПРЕКУ ТАЈНИТЕ ВРСКИ СО МОСКВА Лавров вели дека топката е во дворот на Трамп

Сега го слушаме Зеленски дека Украина ќе има гаранции од НАТО, но дека гаранциите засега ќе бидат само за делот од Украина кој не е окупиран, а дека останатото ќе биде предмет на преговорите. Но, видете, тие сакаат крајниот резултат да биде целосно повлекување на руските војски, оставајќи го руското малцинство на нацистичкиот режим на Киев, рече рускиот шеф на дипломатијата.

1,391

САД контактираат со Русија преку повеќе канали, но тие го велат истото што го кажуваат и во јавноста, вели рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во интервју со познатиот американски новинар Такер Карлсон.

Контровервнзниот Карлсон е единствениот американски новинар кој го интервјуираше рускиот лидер Владимир Путин во Москва откако започна војната во Украина. Карлсон се врати во Москва за да го праша Лавров за потенцијалните ризици од нуклеарна војна.






– Имаше неколку размени на пораки и исто така има и тајни канали. Но, во основа, Американците ја повторуваат истата порака која ја кажуваат и во јавноста: „Мора да сопрете“, „мора да ја прифатите бесмислената мировна формула на украинскиот лидер Володимир Зеленски и неговиот „План за победа“. Американците се фалат дека во првата половина на следната година ќе направат  мировна конференција како онаа во Швајцарија и дека грациозно ќе ја поканат Русија и дека таму ќе ѝ постават ултиматум. Ова се повторува по разни канали. Сега го слушаме Зеленски дека Украина ќе има гаранции од НАТО, но дека гаранциите засега ќе бидат само за делот од Украина кој не е окупиран, а дека останатото ќе биде предмет на преговорите. Но, видете, тие сакаат крајниот резултат да биде целосно повлекување на руските војски, оставајќи го руското малцинство на нацистичкиот режим на Киев – рече Лавров.

Запрашан за тоа што мисли за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Лавров вели дека Трамп е цврст и сериозен човек кој бара резултати. Тој откри дека се сретнал со Трамп во Овалната соба во Белата куќа при средбите на Трамп со рускиот лидер Владимир Путин.

– Трамп е многу пријателски настроен во разговорите со Русија, но тоа не значи дека тој е про-руски настроен, како што сакаат да го претстават. Во времето кога тој беше претседател Русија доби многу, многу санкции. Ние сме отворени за контакт со САД. Но, Путин рече дека топката е во дворот на Вашингтон – заклучува рускиот министер за надворешни работи.

Поврзани содржини