📷САБАЛЕНКА ГО ЗАСРАМИ ЃОКОВИЌ Имаш 23 грен-слем титули и пак не можеш да ја фатиш топката
Ѓоковиќ се загреваше, а Сабаленка му додаваше топки, додека чекаа да излезат на теренот пред натпреварите од второто коло на Мастерсот во Синсинати.
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, на оргинален начин се пошегува со Србинот Новак Ѓоковиќ. Тие двајца се добри пријатели, се дружеа и разговараа пред натпреварите од второто коло на Мастерсот во Синсинати, додека чекаа да излезат на теренот. Ѓоковиќ се загреваше, а Сабаленка му додаваше топки. Тогаш е направена фотографијата на која Ѓоковиќ е фатен со смешен израз на лицето. Сабаленка ја сподели фотографијата на својот Инстаграм профил и се пошегува со Ѓоковиќ затоа што не успеал да ја фати топката што му ја фрлила.
„Имаш 23 грен-слем титули, а сѐ уште не можеш да ја фатиш топката. Жал ми е, но и не ми е“ – напиша Сабаленка на Инстаграм, а Ноле ја прифати шегата и со насмевка ја сподели нејзината објава.
View this post on Instagram
Вториот тенисер во светот се пласира во третото коло на Мастерсот во Синсинати иако не го заврши мечот против Шпанецот Алехандро Давидович Фокина кој го предаде мечот по првиот сет кој го доби Ѓоковиќ со 6:4. Во следното коло Србинот ќе игра против Французин Гаел Монфис, кој го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4.
Пласман во осминафиналето обезеди и Арина Сабаленка откако ја совлада Ли На со 7:5, 2:6, 6:4, а во следното коло Белорусинката ја чека 13.тенисерка во светот Дарија Касаткина.