СААТ КУЛАТА СВЕТНА ВО ЗЕЛЕНО Ракометарите на Пелистер се задржаа на шампионскиот трон

85

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со освојувањето на шампионската титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски град. Третата титула по ред пристигна синоќа, по големата победа над ривалот Вардар на гостински терен.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи „Чкембари“, на голема прослава. Настанот ќе се одржи вечерва, на 8 јуни, од 20 часот, на платото пред Офицерскиот дом.






Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.

Општина Битола упати честитки до РК Еурофарм Пелистер и изрази длабока благодарност до нашата ракометна гордост!

Поврзани содржини