Сајкоски: Власта потроши 16 милијарди евра народни пари за четири години, а ништо не направи

Сајкоски порача дека овие нереализирани лажни ветувања од власта треба да бидат казнети на локалните избори, како и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде идна власт затоа што граѓаните знаат да ги проценат кандидатите кои можат да придонесат за Македонија, за сите луѓе.

397

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, на вечерашната трибина во Прилеп, истакна дека власта потрошила повеќе од 16 милијарди евра пари на народот, а ветените проекти никаде ги нема, како што Спортскиот рекреативен центар кој беше ветуван во Прилеп е се уште ливада, па праша на што точно власта трошеше четири години ако нема инвестиции и нема подобар живот за граѓаните.


Сајкоски посочи дека во Прилеп граѓаните знаат дека беше уапсен началникот на полицијата, но и многу други кои останаа да го продолжуваат криминалот на кој треба да му дојде крај.







– Во делот на инвестициите власта не направи ништо, во делот на инфраструктурата власта лажеше, лажеше дека ќе го направи патот Градско-Прилеп, но гледаме дека ништо не се работи на тој пат. Власта ветуваше пред четири години дека на пензионерите ќе дадат дополнителни 1.000 денари, но за жал денеска гледаме дека одзедоа, наместо да дадат повеќе – рече Сајкоски.


Тој од Прилеп ја праша власта, каде се 16 милијарди евра кои ги потрошија изминативе четири години, и појасни дека станува збор за четири буџети по четири милијарди.


– Власта потроши 16 милијарди евра народни пари, а инвестиции нема, нема зголемување на плати и пензии, а ветувањата за Прилеп беа исто така бројни, како спортско рекреативниот центар кој беше ветуван е сеуште ливада и истиот не постои – вели Сајкоски.


Тој порача дека овие нереализирани лажни ветувања од власта треба да бидат казнети на локалните избори, како и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде идна власт затоа што граѓаните знаат да ги проценат кандидатите кои можат да придонесат за Македонија, за сите луѓе
.

Поврзани содржини