Сајкоски: На нашата држава и е потребно многу работа, успех и напредок

Кога зборуваме за нашата партија ние зборуваме за историја, зборуваме за традиција ние кажуваме за вечна борба,за борба за поубава и економски попросперитетна Македонија, бидејќи ние имаме континуитет, ние имаме и почит кон секој наш член активист и човек кој застанал до нас и го дал својот придонес како да се борел за своето семејство.

277

Измина 31 година од формирањето на ВМРО ДПМНЕ, 31 година од продолжувањето на идејата на нашето старо и темелно ВМРО и 30 години од живеењето на сонот кој го имаше секој Македонец. Сонот за слободна, суверена и независна Македонија, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето од прославата на партискиот роденден во Античкиот амфитеатар во Охрид.

– Формирањето на ВМРО-ДПМНЕ беше дело на визионери, патриоти, интелектуалци, лидери на тогашните македонски организации во светот, кој живеејќи во демократски општества ги користеа искуствата од Европа за да можат да помогнат во формирањето на новата партија ВМРО-ДПМНЕ. Основна цел на партијата беше слободна и независна Македонија. Оваа бескомпромисна борба беше со огромна поддршка од народот. Визионерите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци преку конгресни документи ги исцртаа аспирациите на нашата партија за влез на нашата држава во ЕУ и НАТО со стратешко партнерство на САД – рече Сајкоски.






Тој додаде дека широката поддршка на народот ВМРО-ДПМНЕ ја имала од самите почетоци. Остварувањето на целите на партијата беа по заслуга на нашите верни активисти родољуби кои се вградија во темелите на нашата партија.

– Кога зборуваме за нашата партија ние зборуваме за историја, зборуваме за традиција ние кажуваме за вечна борба,за борба за поубава и економски попросперитетна Македонија, бидејќи ние имаме континуитет, ние имаме и почит кон секој наш член активист и човек кој застанал до нас и го дал својот придонес како да се борел за своето семејство. Денес откако поминаа 31 година сакаме да ја изразиме нашата благодарност до сите наши членови кои во минатото придонесовте за голем број победи на ВМРО но благодарност и за тие кои се борите рамо до рамо со нас во овие тешки моменти за нашата партија и нашата држава – порача генералниот секретар.

Сајкоски рече дека е  потребен силен ангажман од секој активист, бидејќи тоа е клучот на успехот, но и факт дека преку акциите кажуваат дека се случува нешто, ако нема акција и работа, нема успех.

Поврзани содржини