САЈБЕР-НАПАДИ МОСКВА-БЕРЛИН Цел биле личните информации на политичарите

Портпаролката посочи и дека германската влада има веродостојни информации дека овие активности може да ѝ се припишат на Русија како држава и на воената разузнавачка агенција ГРУ, пренесува Ројтерс. Дел од нападот се припишува на руската група „Ghostwriter“.

443

Сајбер-напади извршувала Москва врз германскиот Бундестаг во Берлин, според германската влада која во понеделникот ја обвини Русија дека сакала да ги украде личните информации на пратениците и да шири лажни вести, пренесува Јутарни. Неодамна, сајбер-нападнати беа претставници од партиите што ја сочинуваат владејачката коалиција: Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија и Социјалдемократите.

– Федералната влада силно ја повикува руската влада веднаш да ги прекине овие неприфатливи сајбер-активности – изјави во понеделникот портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.






Портпаролката посочи и дека германската влада има веродостојни информации дека овие активности може да ѝ се припишат на Русија како држава и на воената разузнавачка агенција ГРУ, пренесува Ројтерс. Дел од нападот се припишува на руската група „Ghostwriter“.

Портпаролката додаде дека Министерството за надворешни работи минатата недела директно побара од руското министерство да ги прекине тие активности.

Германските безбедносни агенции најмалку трипати годинава ги предупредија парламентарците за странски сајбер напади, пишува германската агенција DPA.

Германците ќе гласаат за наследничката на канцеларката Ангела Меркел кон крајот на септември, а Политико пишува дека пред парламентарните избори, РТ Дојч, руски медиум поддржан од Кремлин во Германија, шири антиваксерски теории на заговор и ја фаворизира екстремно десничарската партија, Алтернатива за Германија (AfD).

Поврзани содржини