САЊА, САРА, ЛИЛЈАНА И АНДРЕЈ ВЕЌЕ ВООДУШЕВУВААТ dm ве повикува да ги споделите вашите волонтерски приказни на „Иднина која инспирира“
Сања редовно дарува крв, Сара им помага на бездомните кучиња да најдат топол дом, Лилјана се ангажира во здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, а Андреј уредува тротоари.
Сања редовно дарува крв, Сара им помага на бездомните кучиња да најдат топол дом, Лилјана се ангажира во здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, а Андреј уредува тротоари.
Ова се само дел од луѓето кои веќе ги споделија своите волонтерски приказни на dm платформата „Иднина која инспирира“ и покажаа дека промените во заедницата често започнуваат токму од поединци кои одлучиле да издвојат време, внимание и грижа за другите.
dm drogerie markt неодамна ја претстави платформата „Иднина која инспирира“, иницијатива насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Со оваа платформа започнува серија активности чија цел е да се охрабрат луѓето да се вклучат во промените, така што преку споделување лични приказни за општествен ангажман, ќе ја инспирираат заедницата и ќе поттикнат и други да го дадат своето време онаму каде што е најпотребно.
– Инфинити Лајф КС не започна случајно. Секојдневното соочување со лица коишто се соочуваат со најподмолната болест ме натераа да размислувам на начин како да им помогнам. Така се роди Инфинити лајф КС Кавадарци. Изработка на перики од природно влакно. А изработените перики се подаруваат онаму каде што се најпотребни, на болните жени од рак кои не можат да си дозволат да ги купат затоа што се значително скапи и не толку достапни кај нас. До сега се подарени 138 перики ! И продолжуваме напред – за повеќе насмевки ! – сподели Сашка од Кавадарци која веќе го има објавено својот волонтерски ангажман на платформата „Иднина која инспирира“.
Додека младата Анастасија својата пасија ја нашла во волонтирањето на секаков тип на настани, а нејзината приказна може да ја прочитате на „Иднина која инспирира“.
– Личниот развој најчесто не започнува со една голема одлука, туку со низа искуства што постепено го обликуваат нашиот карактер и начинот на размислување. Моето волонтерско патување започна на 11 годишна возраст, на Скопски маратон. Едно од поважните искуства беше учеството на Младински олимписки игри. Подоцна, учеството на Revolution AI Summit ми овозможи да се сретнам со различни идеи и перспективи. Покрај овие настани, како член на Волонтерскиот центар, во текот на годините волонтирав и на други активности и иницијативи, каде што придонесувам преку организациска поддршка, тимска работа и комуникација со учесници – е само дел од тоа што Анастасија го има споделено на платформата како инспирација и поттик за луѓето да се вклучат во волонтерски активности.
Идејата за платформата „Иднина која инспирира“ тргнува од перспективата дека иднината не е нешто што пасивно го чекаме, туку нешто што секојдневно го градиме, со мали чекори исполнети со солидарност и подготвеност за дејствување. Токму затоа, платформата ги става луѓето и заедницата во центарот на своето внимание, додека dm ја презема улогата на двигател и партнер што обезбедува простор, поддршка и поттик.
Иницијативата се развива во три клучни области што ги обликуваат темелите на општество засновано на заедништво и меѓусебна поддршка: зајакнување на солидарноста и општествениот ангажман, поттикнување развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и одговорно дејствување во согласност со природата, засновано на одржливи практики. На тој начин, „Иднина која инспирира“ отвора простор во кој добрите лични примери стануваат видливи, а волонтерството добива уште посилно значење како двигател на позитивни промени.
Ако сте личност која своето слободно време го посветува на создавање подобра иднина, dm ве повикува да го споделите вашиот личен општествено одговорен ангажман на платформата „Иднина која инспирира“ на следниот линк. Доколку, пак, сте здружение, организација или друга форма на непрофитна институција, можете да пријавите проект чие реализирање подразбира граѓански ангажман на следниот линк. Споделувањето лични искуства и пријавувањето проекти ќе трае до 31 јули 2026 година, додека проектите што ќе ги поддржи dm ќе бидат објавени од септември 2026 година.