СЀ ЗА СЛАВА Змија гризна пејачка за лице додека снимаше спот (ВИДЕО)
Поп-пејачката на својот инстаграм-профил споделила видео од снимањето на спотот за својата песна „Bi*ch Don't Be Mad“.
Кога станува збор за спотови на песни, трудејќи се да бидат што пооргинални, ѕвездите се подготвени да направат сѐ.
Пејачката Маета се согласила во нејзиниот спот змии да лазат по неа. Но, работите тргнале наопаку…
Поп-пејачката на својот инстаграм-профил споделила видео од снимањето на спотот за својата песна „Bi*ch Don’t Be Mad“, откривајќи дека работите зад кулисите биле прилично напнати или подобро кажано – опасни по живот.
Во делот каде што насмеана лежела на подот, дозволила змии да лазат по неа, а потоа една од нив ја гризнала за брадата.
Тргнувајќи ја од себе змијата, било очигледно дека гризнувањето било мошне непријатно, но за среќа, не и отровно.
View this post on Instagram
„Низ што сѐ поминувам додека се снимам за вас“, додала во описот, а потоа истакнала дека тоа никогаш повеќе нема да го повтори.
Твитерџиите ја критикуваат пејачката за непромисленоста за снимањето на спотот со змии, пишувајќи: „Што сѐ прават за да бидат славни“, „Сакаше, нека ти е“…
Маета (21) почнала да објавува песни на SoundCloud уште кога била тинејџерка, а се прославила откако потпишала договор со продуцентската куќа на Џеј Зи, „Rock Nation“ и го објавила албумот „Habits“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм