Сѐ уште неизвесно колку ќе трае породилното отсуство
Синдикатот бара породилното да трсае 12 месеци, а владата пресметува колку тоа ќе го оптерети Фондот за зрдравство.
Породилното отсуство ќе се регулира со новиот Закон за работни односи, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Синдикатите бараат тоа да трае 12 месеци, а работодавачите велат дека должината на породилното ќе влијае на кариерата на жените.
Министерката за труд и социјална политика Шахпаска рече дека прашањето се уште не е договорено при подготовката на новиот Закон за работни односи.
-Деталите докрај не се договорени, но новина е периодот на мајчинство, родителство кое би ги користеле и таткото и мајката и право на татковство кое ќе трае до 10 дена. Се зависи од финансиските можности со кои располагаме и да не се преоптерети буџетот на Фондот за здравство..Тоа се средства од буџетот. Ги правиме и финансиски анализи за ова решение.Ова законско решение начелно ќе излезе во јули по што ќе следи јавна расправа и ќе се донесе решение кое ќе ги задоволи очекувањата, а владата да може да го испочитува тоа решение – рече Шахпаска.
Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров вели дека како работодавачи за нормално одложување на породилното нема да се противат.
– Фондот за здравство го покрива породилното отсуство.Прашање е дали тој ќе има доволно пари да покрие долго породилно отсуство. Но големото отсуство од работа ќе се одрази и на кариерата на тие мајки кои ќе се вратат на работа. Тоа ќе биде пречка за развој на каритерата, ако е тоа долго бидејќи технологијата оди напред тие нама да можат да одговорат на барањата. Ние нормално зголемување на отсуството ќе го поддржиме – рече Димитров.
Тој рече дека породилното отсуство е во рамки на усогласување со европската директива.
Сојузот на синдикати е на став да се зголеми траењето на породилното отсуство кое ќе влијае на состојбата на децата и семејството, но ќе го зголеми и наталитетот.
-Ние се обидуваме да дадеме посебен акцент на семејството на фамилијата и затоа недела предложивме да биде неработен ден. Нашиот предлог за едногодишно породилно отсуство е токму во таа насока. Тука го приклучуваме и такото како можност да користи отсуство за да го чува детето – рече секретарот на ССМ Златко Цветковски.