Сѐ уште не се знае кога британскиот премиер ќе се врати на работа

304

Сѐ уште нема одлука кога британскиот премиер Борис Џонсон ќе се врати на работа, рече министерот за здравство Мат Хенкок за Скај њуз.

– Зборував со премиерот вчера, тој е во добра форма. Сигурен сум дека ќе се врати веднаш штом лекарите го препорачаат тоа. Одлуката сѐ уште не е донесена, но премиерот разговара преку телефон и одржува контакти – додаде Хенкок.






Џонсон неделава разговарал со американскиот претседател Донал Трамп и со кралицата Елизабета.

Премиерот Џонсон беше заразаен со коронавирусот поради што помина неколку дена и во болница.

Поврзани содржини