СЀ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ИДНИНАТА НА РУСКИТЕ БАЗИ ВО СИРИЈА Кремљ се обидува да ги задржи „Тартус“ и „Меимим“

Русија останува во контакт со новото раководство на Сирија, но сепак нема конечна одлука за судбината на нејзините бази по падот на Башар ал Асад.

313

Кремљ денеска соопшти дека иднината на руските воени бази во Сирија не е одлучена и оти Москва се обидува да ги задржи и покрај падот на режимот на претседателот Башар ал Асад.






– Нема конечна одлука за тоа, ние сме во контакт со претставниците на силите кои моментално ја контролираат ситуацијата во земјата – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва има две воени бази во Сирија, поморската база „Тартус“ и воениот аеродром „Хмеимим“.

Русија беше жестоко критикувана за нејзината воена интервенција во Сирија од 2015 година, како поддршка на Башар ал Асад. Земјата учествуваше во репресија на бунтовниците, особено со извршување на разорни воздушни напади.

Бунтовничката коалиција, во која доминираше исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, го собори Ал Асад од власт на почетокот на декември. Тој со семејството избега во Русија.

ДАЛИ СЕПАК СЀ Е ЗА ГОРИВО? Зад падот на Асад можеби стојат неколку геополитички играчи

Поврзани содржини