СЀ УШТЕ НЕ Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА КОРИДОРОТ 8 Што ги кочи работите за заедничкиот тунел?

Четирите локомотиви од Србија кои стасаа минатата година ѝ донеле профит на „Железници Транспорт“. 

334

Сѐ уште нема договор, кога би имало, би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и од бугарска страна.

Николоски потврди дека се водат интензивни разговори и дека е прашање на недели кога ќе се излезе со позитивни вести ако постои добра волја од страна на Бугарија.






– Идејата е да постигнеме договор со кој Скопје и Софија ќе се поврзат, а не да не се поврзат, како што е сега, за жал. Договорот треба да содржи три сегменти, првиот е изградба на заеднички тунел што треба да ги поврзува двете држави. За жал, во претходниот проект тунелот завршуваше буквално на пола, на слепа улица или слепа пруга. Вториот дел е Софија да преземе јасна обврска да го изгради делот од границата со Македонија до Ѓуешево, како и да го реконструира делот од Ѓуешево до Софија за да има модерна пруга и од нивна страна. Третата обврска е наша, да направиме ревизија на проектот што веќе правиме зашто е невозможно толку скапо да чини тој проект, за толку малку километри толку многу пари да се потрошат – истакна Николоски по денешната посета на „Железници Транспорт“.

Четирите локомотиви од Србија кои стасаа минатата година ѝ донеле профит на „Железници Транспорт“.

– Тоа беше одлична работа зашто им донесе приход на „Македонски железници“ и со тој приход можевме да инвестиравме во ова што го промовираме денес. Постепено ќе користиме целосно домашни, македонски локомотиви – нагласи министерот.

Бугарското министерство за транспорт во средината на јануари годинава соопшти дека бугарската влада ѝ испратила на Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и за работа на прекуграничниот железнички тунел што ги поврзува двете земји.

БУГАРИЈА ПРЕДЛАГА НАЦРТ-ДОГОВОР СО МАКЕДОНИЈА ЗА ГРАНИЧНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТУНЕЛ Софија очекува набрзо да ги почне преговорите со Скопје

Поврзани содржини