Сѐ уште има застој во исплатите од Министерството за култура
За застојот во исплатите Министерството се повикува на заклучок на Владата од 09.02.2021 година со кој Министерството за култура е задолжено да не ги исплаќа парите на други корисници без да ја утврди законската основаност.
Министерството за култура соопшти дека прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за музичка и сценско-уметничка дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности. За застојот во исплатите Министерството се повикува на заклучок на Владата од 09.02.2021 година со кој Министерството за култура е задолжено да не ги исплаќа парите на други корисници без да ја утврди законската основаност.
„Свесни сме дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците. Министерството за култура сè уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година“, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Од Министерството за култура посочуваат дека и во овој период ги презеле сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба и дека на Владата ќе ѝ достават предлог за разрешување на оваа несакана ситуација.