СЀ УШТЕ ГОРИ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО, КАЈ НИКОЛИЌ И ВО МАКЕДОНСКИ БРОД Изгаснати се 27 пожари

На четири локации пожарите се под контрола. три од нив се во Општина Македонски Брод:  село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); село Слатина (мешана шума); и  Слатина (нискостеблеста мешана шума), како и во Општина Делчево - Градска депонија Острец (депонија).

133

До 7.30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои 7 се активни, 4 се под контрола и изгаснати се 27 пожари.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки); Општина Македонски Брод – село Крапа (нискостеблеста шума); Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума); Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен) и во Општина Тетово: кај бензинска пумпа „Окта Петрол“  (нива).






Од четирите пожари што се ставени под контрола, 3 се на територијата на Општина Македонски Брод:  село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); село Слатина (мешана шума); и  Слатина (нискостеблеста мешана шума), како и во Општина Делчево – Градска депонија Острец (депонија).

ЦУК во соопштението утрово информира и за 27 изгаснати пожари.

Поврзани содржини