СЀ УШТЕ ГОРИ ШУМА ВО РЕЗЕРВАТОТ „ЈАСЕН“ Горат и пасишта во општина Јегуновце
Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во општина Македонски Брод, каде опожарена е ниска вегетација.
Во земјава изминатите 24 часа се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта.
Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во општина Македонски Брод, каде опожарена е ниска вегетација.