Сѐ што ветија, излажаа – како да им веруваме дека ова е последната отстапка?

Не сме сите хонорарци во влада со пола мозок...

3,891

Пред да дојдат на власт ветуваа живот за сите, правда за сите, затвор за криминалците, дури и опнаа бројчаник на Триумфална, шо веројатно е зарибан, а во меѓувреме се колнеа дека името нема да се смени.

Дојдоа на власт и ветија дека промена на името може има само ако народот одлучи така на референдум, па ја сменија плочата дека референдумот ќе е консултативен и на крај си ги зедоа во коалиција криминалците шо ќе ги апсеа за да ја истуркаат на сила промената, со ветување дека ова е последна отстапка и следна станица ни е ЕУ.






И после сѐ ова, можит ли некој да ми објаснит врз основа на што би им верувале дека внесувањето на Бугарите во Устав е последна отстапка?

Мислам, не сме сите хонорарци во влада со пола мозок…

 

(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини