Дали неодамна започнавте „генералка“ во вашиот дом и се запрашавте дали работите кои веќе одамна не ги користите вреди нешто? Се прашувате дали можете да заработите пари продавајќи ги вашите работи онлајн? Одговорот е дефинитивно ДА! Продажбата на работите кои веќе не ги користите може да биде многу попрофитабилна отколку што некогаш сте замислиле!
Што може да биде подобро од уреден дом и истовремено заработка од работите кои веќе не се во употреба? Не само што вашиот дом ќе изгледа прекрасно и без неред, туку ќе имате и повеќе пари на вашата банкарска сметка. Во многу случаи би помислиле дека работите кои веќе не ги употребувате не вредат ништо – но тоа не е така. Она што вам не ви треба, некому може навистина да му биде од корист.
Најдобар начин да заработите од работите кои веќе не ги користите е преку нивно огласување на најголемиот сајт во државата Pazar3.mk. Благодарение на големата посетеност на овој веб сајт, можете да продавате брзо, лесно и едноставно.
Што сè можам да огласувам на Пазар3.мк?
На Пазар3.мк можете да огласувате сè што ќе посакате! Достапните категории во кои што можете да ги огласувате работите кои не ви требаат се: авто делови и опрема, бела техника и апарати за домаќинство, мебел, инвентар за домот, машини и алати, градежни материјали, облека, обувки, накит, спортска опрема, мобилни телефони, компјутери и многу многу друго!
Работите кои што ги продавате генерално треба да бидат во добра, употреблива состојба. Никој не сака да купува работи кои не се употребливи. Затоа, погрижете се работите кои сакате да ги продадете да бидат во добра состојба, избришете ги од прашина, исперете ја користената облека што планирате да ја продадете и сл. Вашите работи може да се користат, но вашите купувачи очекуваат да бидат чисти.
Колку се во подобра состојба вашите работи, толку повеќе пари ќе заработите. Не обидувајте се да скриете какви било дефекти или скршени делови. На тој начин само ќе го искомплицирате процесот на продажба.
Совети за огласување на работите кои не ви се потребни
Има неколку работи што треба да ги имате на ум доколку сакате успешно да ги продадете работите кои не ви требаат.
Напишете комплетен и точен опис на Вашиот оглас
Секогаш наведете доколку производот има какви било дефекти. Колку повеќе детали наведете за она што го продавате, толку поголема доверба ќе имаат во вас вашите потенцијални купувачи.
Направете квалитетни фотографии и секогаш користете само свои фотографии
Користете само фотографии што самите сте ги фотографирале. Може да биде примамливо да пребарувате слики на Google и да искористите некои атрактивни слики од производите. Меѓутоа, тоа е прекршување на авторските права и може да ве доведе во неволја. Најголема доверба и најголема шанса за продажба на вашите производи ќе постигнете доколку направите квалитетни и детални фотографии самите.
Поставувањето цена на самиот оглас дополнително ќе ги зголеми шансите за продажба на работите кои вам веќе не ви требаат. Пазар3 нуди и дополнителни опции за огласување доколку сакате да ги истакнете вашите производи. Активирањето на топ позиционирање, автоматско обновување или некоја друга екстра опција со сигурност ќе го истакне вашиот оглас и ќе ги зголеми шансите за продажба на огласуваниот производ.
Илјадници посетители секојдневно се во потрага можеби токму по оној производ кој вам веќе не ви е потребен. Искористете ја големата посетеност на Пазар3 и заработете преку продажба на работите кои веќе не ви требаат!