📽️ СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ ТИЕ ШТО ВОЗАТ ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ Кампања за безбедно возење и за одговорно однесување

Поводот за оваа кампања е сѐ поголемиот број повредени лица кои управуваат електрични тротинети, како и големиот број лица кои возат тротинет без кацига.

158

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) почнаа заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети.

– Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила – велат од МВР.






Целта на кампањата е да се зголеми свесноста, да се поттикне одговорно однесување и да се придонесе кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.

Поводот за оваа кампања е сѐ поголемиот број повредени лица кои управуваат електрични тротинети, како и големиот број лица кои возат тротинет без кацига.

 

ЗА 2 ДЕНА ФАТЕНИ 179 ВОЗАЧИ НА МОТОРИ БЕЗ КАЦИГА Дури 384 лица возеле пребрзо

Поврзани содржини