📽️ 📷 СЀ ШТО Е ОСТАВЕНО ПРЕКУ НОЌ, ОДИ ДИРЕКТНО НА ОТПАД Нулта толеранција за „присвојување“ плажи на Халкидики

Општина Касандра со нова офанзива против самоволни „резервации“ на чадори, лежалки, бетонски конструкции, сѐ се расчистува.

9,203

Акциите на грчките власти против самоволните „резервации“ на плажите во Халкидики продолжуваат со полна пареа. Денеска, Општина Касандра спроведе нова обемна операција за чистење на плажите, овој пат од зоната Криопиги до Ханиоти, во присуство на полиција и инспекциски служби.

Низ целиот појас од Касандра Палас, преку Полихроно, па сè до Ханиоти се отстрануваа чадори, лежалки, бетонски фиксни конструкции, душеци и друга опрема, која била оставена преку ноќ со цел да се „зафати“ место на плажата.






Сè што беше најдено, повеќе од 2 тони материјал, веднаш беше пренесено во сертифицирани центри за рециклирање, без право на враќање.

– Набљудувањата се прават ноќе и потоа следува акција без предупредување – објаснуваат од Општина Касандра.

Денешната проверка откри бетонски компресирани чадори, кои биле третирани како загадувачи на животната средина.

Ваквите активности се дел од поинтензивната контрола оваа сезона, а властите велат дека ќе продолжат секојдневно, со цел да ги заштитат јавните простори наменети за сите посетители – без привилегирани.

Грчките власти уште еднаш испратија јасна порака: „Плажите се јавен простор – не се резервираат!“. Сите предмети кои се оставени да „чуваат место“ преку ноќ, дури и обични пешкири, ќе се третираат како нелегален отпад.

Ова е втор голем бран од акцијата што започна минатата недела, кога првите „жртви“ беа плажите во Калитеа и Полихроно.

Сега, со нови локации и решеност на надлежните, резервирање плажа без да се плати, веќе не поминува.

📷 НЕМА ВЕЌЕ „РЕЗЕРВАЦИИ“ НА ПЛАЖА СО ЧАДОР, ЛЕЖАЛКА ИЛИ ПЕШКИР „Чистка“ на Халкидики сѐ се носи директно на рециклирање

Поврзани содржини