🎥 „СЀ СЕ ПОСТИГНУВА СО СИЛА И НЕРВОЗА“ Фолтин и Суперхикс снимија заедничка песна
Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака.
По долго крчкање конечно излегува најновиот албум на Суперхикс насловен како и истоимениот сингл „Сила и нервоза”.
Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака.
Снимен во студиото „Тра Ла Ла” под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.
Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во цеде формат. Следува за скоро и винилот.
Уживајте!