СЀ ПОВЕЌЕ ГРЦИ ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА НА ШОПИНГ Опозициската СИРИЗА бара објаснување

Авгери ја прашува грчката Влада „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“

392

Илјадници Грци одат во Бугарија и во Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се увезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА, Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.

Авгери ја прашува грчката Влада „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“






Таа додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

Поврзани содржини