„ПОЛУДЕНА“ ОБОЖАВАТЕЛКА ГИ ДЕМНЕ И ГИ ВОЗНЕМИРУВА Дакота Џонсон и Крис Мартин живеат во страв
Крис и Дакота живеат во страв за сопствената безбедност бидејќи полудена обожавателка дознала каде живеат и ги вознемирува.
Пејачот Крис Мартин и актерката Дакота Џонсон живеат во сценарио на хорор филм бидејќи непозната обожавателка на Мартин непрекинато ја нарушува нивната приватност и мир, принудувајќи ги да контактираат со судот за да побараат забрана за приближување.
Пејачот на „Колдплеј“ Крис Мартин и неговата долгогодишна девојка Дакота Џонсон неодамна побараа забрана за приоѓање против една од многуте страсни обожавателки на Мартин. Крис и Дакота наводно живеат во страв за сопствената безбедност бидејќи полудена обожавателка дознала каде живеат и ги вознемирува.
Мартин тврдел дека жената живеела под верување дека е мажена за него и повеќепати се обидувала да влезе во неговиот дом во Лос Анџелес. Не сакала да упадне во домот, туку да влезе бидејќи е убедена дека живее таму. Се вели дека жената-демначка објавила на социјалните мрежи како Дакота Џонсон ѝ нанесува физичко страдање преку „црна магија“.
Минатата недела, обожавателката се појавила пред домот на Мартин и почнала да ѕвони на вратата. Неколку дена подоцна таа се паркирала на улица, што многу ја исплашило актерката, која побегнала назад во куќата бидејќи многу се плашела за сопствената безбедност.
Пејачот побарал забрана за приближување на оддалеченост од околу 30 метри од него, неговиот дом, но и од познатата актерка и нејзиниот автомобил. Покрај тоа, тој негир дека ја познава обожавателката или дека е во каков било однос со неа и тврди дека никогаш не ни зборувале.
Шпионирањето и вознемирувањето започнало уште во април преку социјалните мрежи, а во последните месеци жената почнала да ги малтретира пејачот и неговите блиски во живо.
„Нејзиното однесување предизвика голем страв за неговата безбедност и за оние со кои живее поради стотиците (ако не и повеќе) објави на социјалните мрежи чија содржина ја докажува емоционалната нестабилност на жената, заблудите и преземањето акции за да продолжи да ги малтретира и да ги доведува во опасност г-дин Мартин и неговата партнерка, г-ѓа Дакота Џонсон“, изјавија од тимот на популарната пејач.
ФОТО: Инстаграм