Тело со неколку тетоважи, розов градник со светки, долга црна коса, пирсинг на папокот и – влакна под пазувите. Ќерката на Мадона синоќа првпат се појави на најпрестижниот моден настан Мет Гала.
Синоќа се одржа Мет Гала, а покрај необичните креации, кои може да се видат само еднаш во животот, Лурдес Леон, ќерката на Мадона, привлече големо внимание.
Дваесет и четири годишната ќерка на Мадона се појави синоќа во блескав фустан на „Москино“. Розов градник со светки и долго здолниште во ист дезен, но тоа не беше она што на сите им бодеше во очи.
Кога ја крена раката, Лурдес покажа видно небричена пазува.
Нејзината мајка не беше на настанот.
Лурдес е едно од лицата на насловната страница за приказната „Генерација на Америка: Модели што ја менуваат индустријата“ во септемвриското издание на „Вог“.
„Луѓето мислат дека сум богато дете без талент, на кое му е дадено сѐ на послужавник, но јас не сум таква“, рече таа за списанието, објаснувајќи дека сама си ја плаќа школарината за колеџ и живее во населбата Bushwick во Њујорк, далеку од раскошот на Холивуд.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм