СЈО ГО ПРЕЗЕДЕ, ПА НАМЕРНО ГО ЗАБОШОТИ ПРЕДМЕТОТ „ПУЧ“ Адвокати на Заев вршеле притисок врз обвинителите

Поради сериозноста на изнесените тврдења неопходно е Јавното обвинителство темелно и непристрасно да ги истражи сите наводи, со цел вистината да излезе на виделина и да се утврди евентуална одговорност, соопштени ВМРО-ДПМНЕ.

315

Поранешното Специјално јавно обвинителство наместо како независна институција делувало како партиски штаб на СДСМ – Зоран Заев и луѓе блиски до него давале насоки и директиви кој предмет ќе биде одработуван, каде ќе биде распореден и кој треба да биде обвинет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу тврди дека четворица адвокати на Заев вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“. Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч“. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК и да биде работен од СЈО“, се вели во соопштението.






Истиот овој предмет, се додава, потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и заштитна фолија.

„Овој предмет требало да го работат Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Предметот бил оставен да фаќа прав, а обвинителките не оделе на рочишта. Според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес, ако се најде, сè уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан. Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање. Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и „Нешковски“, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сериозноста на изнесените тврдења неопходно е Јавното обвинителство темелно и непристрасно да ги истражи сите наводи, со цел вистината да излезе на виделина и да се утврди евентуална одговорност, се додава во соопштението.

„Само преку транспарентна и независна постапка може да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини