„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага за гревовите на екипата на Катица Јанева
„СЈО правеа што сакаат. Ни закон, ни правда ги интересираше. 'Газеа' се пред себе, за да ја остварат политичката цел некој кој е на списокот од штабот на СДСМ да биде обвинет и осуден. Судиите ги затвораа очите и судеа што ќе им се каже, а дел од нив и денес не можат да излезат од таа улога и време“, пишува Груевски на Фејсбук.
СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“, тврди поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на исказите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Телевизија Алфа.
„СЈО правеа што сакаат. Ни закон, ни правда ги интересираше. ‘Газеа’ се пред себе за да ја остварат политичката цел некој кој е на списокот од штабот на СДСМ да биде обвинет и осуден. Судиите ги затвораа очите и судеа што ќе им се каже, а дел од нив и денес не можат да излезат од таа улога и време“, пишува Груевски во исклучително долг пост на Фејсбук.
Никола Груевски се надева на независна истрага на активностите на пораенешното СЈО.
„Разбирам дека за таа активност, освен МВР, од кое досега не се слушна дека имало иницијатива, беше потребна волја на главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство (ОЈО), кој според јавните настапи на преставниците на власта не си ја вршеше работата професионално, што доведе до предвремено негово разврешување, но сега веќе се отвори можност за тоа. Таквото непостапување некои луѓе, вклучувајќи и некои судии дури и денес го сфаќаат како одобрување на постапките, криминалниот и партиски контролираното работење на некогашното СЈО од страна на новата власт, но и како премолчен сигнал дека треба да продолжат да работат по старите инструкции од поранешната власт“, пишува поранешниот премиер.
Ова е неговиот пост на Фејсбук: