Северна Македонија е во процес на издавање на нова седумгодишна обврзница, пишува Блумберг, повикувајќи се на анонимен извор кој е запознаен со зделката.
„Северна Македонија нуди обврзница што треба да се исплати во март 2028 година, на околу 230 основни поени над средните прегледи“, пишува Блумберг, повикувајќи се на изворот.
Еврообврзниците се издаваат за буџетска поддршка во 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија.
М;инистерот за финансии Фатмир Бесими за време на вчерашната средба во Стопанската комора изјави дека ќе биде издадена еврообврзница, но одби да прецизира кога и за колку и под кои услови