СЀ Е ЗЕЛЕНО И СИВО ВО ОРМАРОТ НА ЗЕЛЕНСКИ Каде живее украинскиот претседател?(ВИДЕО)

Зеленски сепак, чува и неколку одела, а за едно од нив рече дека е симбол оти „наскоро војната ќе заврши, а ние ќе победиме“.

1,345

Одела и воени облеки во зелено-сива боја се најголемиот дел од алиштата кои можат да се најдат во ормарот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Цела година тој живее во импровизиран дом со дебели завеси, спие на кревет за едно лице со прекривка и перници со цветови. Има и телевизор и свое биро.

– Овде живеам – вели Зеленски во филмот што го снимаше новинарот Дмитр Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија „1+1“.






Инсерти од филмот на Твитер објави Антон Герашченко.

Зеленски сепак, чува и неколку одела, а за едно од нив рече дека е симбол оти „наскоро војната ќе заврши, а ние ќе победиме“.

– Ова е сако за победа? – праша новинарот.

Следеше одговорот.

– Да.

Поврзани содржини