СЀ ДОДЕКА МИЦКОСКИ Е ПРЕМИЕР, АХМЕТИ И АРТАНОВЦИ ЌЕ БИДАТ ВО ОПОЗИЦИЈА Таравари не зуцнал на владините седници ни за балансерот ни за ЕУ

Без разлика дали Арбен Таравари ќе трча или ќе оди полека кон нив, Али Ахмети и ДУИ ваква нереформирана со него на чело, нема да бидат ниту власт, ниту дел од власта во Република Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

389

Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт ДУИ и Али Ахмети ќе бидат во опозиција, истакна вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостување на Канал 5.

„Да испратам една порака до сите, пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа актуелна политичка генерација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија. Без разлика дали Арбен Таравари ќе трча или ќе оди полека кон нив, Али Ахмети и ДУИ ваква нереформирана со него на чело, нема да бидат ниту власт, ниту дел од власта во Република Македонија – истакна Пренџов.






Тој истакна дека не се согласува со тезата дека ЕУ е причината што Таравари ја напуштил Владата.

– Јас не се согласувам дека Европската Унија е причина за ова. Еве јавно повикувам да ги побараме сите записници од седниците на Владата дали таму господинот Таравари жестоко дискутирал, зборувал во врска со ЕУ, дали е забавено или не – рече Пренџов.

Тој го охрабри пратеникот Халил Снопче заедно како пратеници да отидат до Владата и да видат дали Таравари се противел на седниците.

– Ве охрабрувам заедно како пратеници, имаме и сертификати, ако треба ќе отидеме во Владата ќе ги побараме сите записници и тонски снимки и ќе видиме дали господинот Таравари на која било седница се противел и барал до каде е Балансерот, Бадендерот, законот за правична застапеност и до каде се реформите за ЕУ – истакна Пренџов.

Тој додаде дека ЕУ е единственото место каде ние како држава се движиме, друго место нема, ниту во минатото имало и тоа му е јасно на секој граѓанин.

– Она што значи објективно оценување, што Владата сработила во изминатиот период каде што сме ние сами, се гледа низ реформскиот процес. Сите држави од Западен Балкан добија условно кажано домашна задача што секоја држава одделно треба да направи, тоа се вика реформска агенда, со цел да дојдеме до 750 милијарди евра, од кои две третини како кредит, една третина како грант, значи подарени средства, и за тоа треба да има определени услови. Република Македонија предводена од оваа Влада и ова управувачко мнозинство е држава која е прва од сите во Западен Балкан во реформскиот процес кој го имаме како задача и тоа се објективните резултати дали вие работите или не работите – рече пратеникот.

Во врска со Бугарија, додаде, нашиот став е идентичен и непроменет.

– Тој наш став беше 2 пати на избори, граѓаните се произнесуваа за тоа, а тоа е сè додека ние Македонците, Албанците и сите кои живееме во Република Македонија не пристапиме кон Европска Унија и Софија не ни го изгласа тој последен протокол, ние не можеме нив да ги ставиме, како последно барање да им биде Бугарите во македонскиот Устав и тоа е една позиција која 4 години е непроменета во поглед на нашето политичко делување – заклучи Пренџов.

 

Поврзани содржини