СЀ БИЛО УЖАСНО Најубавата жена на светот сакала да ја напушти глумата по хит филмот
. Во 2013 година, актерката стана ѕвезда со улогата на Наоми, поранешна сопруга на Џордан Белфорт (Леонардо Дикаприо), а вниманието на јавноста што следеше по тој настап беше голем товар за неа.
Австралиската актерка Маргот Роби (32) речиси се откажала од глумата по нејзината прва голема улога во хит филмот „Волкот од Волстрит“. Во 2013 година, актерката стана ѕвезда со улогата на Наоми, поранешна сопруга на Џордан Белфорт (Леонардо Дикаприо), а вниманието на јавноста што следеше по тој настап беше голем товар за неа.
„Нешто се случуваше во тие рани фази и сето тоа беше прилично ужасно“, изјави Роби за „Венити фер“. „Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми дека мислам дека не сакам да го правам ова, а таа само ме погледна целосно рамнодушна и рече – душо, мислам дека е премногу доцна за тоа. Во тој момент сфатив дека можам да одам само напред“, се присетила актерката.
Роби тврди дека пред сѐ не била емотивно подготвена за губење на приватноста, а најтешко ѝ било да се прилагоди на наметливите папараци.
„Сега знам кој и како се обидува да ме зафркне“, рече таа.
Имено, пред да почне да се занимава со овој бизнис, Роби сметала дека медиумите само ја објавуваат вистината. Тогаш таблоидите почнале рутински да објавуваат дека е бремена иако не е, а луѓето ѝ се јавувале да ѝ честитаат. На крајот морала да се помири со фактот дека не може да ја побие секоја лажна вест.
Оттогаш, Роби пронашла начини како да се справува со товарот на славата – еден од нив е бришењето на нејзините приватни профили на социјалните мрежи, но таа признава дека сè уште се чувствува непријатно.
„Начинот на кој се обидувам да им го објаснам овој бизнис и овој свет на луѓето е дека подемите се навистина високи, а падовите се навистина многу ниски. И претпоставувам дека ако имате среќа, сè се балансира на средина“, додаде актерката која беше на врвот на листата минатата година на најплатените актерки во Холивуд.