Ружин: Предизвик беше да се развие онлајн решение за толку кратко време

Платформата во реално време ќе ја користат над 26.000 наставници во спроведување на наставата на над 250.000 ученици во над 1.000 училишта е исклучително комплексен и динамичен процес кое во денешно време е дури и премногу амбициозно – вели координаторката.

1,434

Координаторката за развој на Националната платформа за учење од далечина Александра Ружин, на денешната прес-конференција истакна дека платформата е креирана во услови на глобална пандемија, но со цврста определба истата да остане и да претставува цврста основа за интегрирање на останатите процеси од образовниот систем.

– Да се дизајнира и развие онлајн решение кое ќе биде функционално и стабилно, и кое ќе биде модифицирано и имплементирано во реално време од над 26.000 наставници во спроведување на наставата на над 250.000 ученици во над 1.000 училишта е исклучително комплексен и динамичен процес кое во денешно време е дури и премногу амбициозно – вели координаторката.






Ружин рече дека водени од јасната цел со одлично подготвениот план, како и уште поодличниот тим успеале за овој краток период да ги постават основите, да пронајдат решенија и да дизајнираат систем и да го подготват за имплементација почнувајќи од новата учебна година.

– Имплементацијата ќе биде проследена со бројни ризици и предизвици и свесни сме за истите, па ќе се потрудиме да одговориме на сите во реално време и да го прилагодиме решението, не само на околностите кои се присутни на терен, туку исто така да го задржиме и концептот. Платформата ги зближи академијата и јавниот сектор и е резултат на една егземпларна соработка меѓу МОН и ФИНКИ и која треба да се развива и негува во иднина – изјави Александра Ружин.

Поврзани содржини