РУЖИН ОД ЛДП, АДЕМИ ОД ДУИ, ИВАНОВА ОД СДСМ… Објавена е листата со членови на работните групи за уставните измени
Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава, информираше Министерството за правда.
Министерството за правда денеска ги објави сите предлози од парламентарните политички партии за членови ви работните групи за уставни измени.
„Пристигнати предлози од политички партии: Цветанка Иванова-СДСМ, Арбр Адеми-ДУИ, Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците, Соња Мираковска-НСДП, Нано Ружин-ЛДП, Христа Најданов-ДОМ, Темелко Ристески-Партија на пензионери, Раметула Куќи-ДПА, Еран Куртиш-Партија за движење на Турците, Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците. Пристигнати предлози од институции: Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања, Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи. Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава. Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, информираше Министерството за правда.