РУТИНИ ЗА НЕГА НА КОЖА dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат како да се негува комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

Лепосава Анѓеловски, магистер по фармација и специјалист по козметологија и естетика која стои зад инстаграм профилот magnolia.glamour, споделува едноставни и достапни совети за нега на комбинирана, масна и сува кожа со производи од dm марките Balea и alverde.

43

Негата на кожата не мора да биде комплицирана за да биде ефикасна. Со внимателно избрани производи и рутина прилагодена на потребите на кожата, секој ден може да започне со чувство на свежина, нега и баланс.

Токму затоа, Лепосава Анѓеловски, магистер по фармација и специјалист по козметологија и естетика која стои зад инстаграм профилот magnolia.glamour, споделува едноставни и достапни совети за нега на комбинирана, масна и сува кожа со производи од dm марките Balea и alverde.






Дополнително, во dm продавниците, со секоја сметка над 999 денари за производи за нега на кожа, добивате подарок ebelin гуа ша камен. Погоден е за секој тип кожа и може да биде особено корисен доколку се соочувате со надуени подочници, надуеност во лицето, помалку изразени контури, „double chin“, како и со намален тонус и еластичност на кожата. Понудата трае до 15 април или до истекот на залихите.

Комбинирана кожа: баланс таму каде што е најпотребен

Комбинираната кожа бара рутина што истовремено хидрира и балансира, без да ја оптовари кожата. Затоа, Лепосава препорачува три едноставни чекори: нежно чистење, хидратација со тонер и завршна нега со крема што придонесува за свеж и негуван изглед.

Рутината почнува со Balea благата пена за чистење на лице со алое вера која темелно ја чисти кожата, го отстранува вишокот себум и нечистотиите и помага да се зачува нејзината природна влажност.

Потоа следува alverde хидратантен тонер кој ја поддржува хидратацијата на посувите делови, додека Т-зоната ја остава свежа и урамнотежена.

За крај, тука е Balea хидратантна ноќна крема за лице која ја поддржува природната рамнотежа на влажност и придонесува за посвеж и негуван изглед наутро.

Масна кожа: чистење, баланс и лесна хидратација

И масната кожа има потреба од хидратација и внимателно одбрана рутина.

Според Лепосава, најважно е кожата темелно да се исчисти, да се поддржи нејзиниот баланс со соодветен серум и да се заврши со лесна крема што дава свежина без тежок финиш.

Првиот чекор е Balea Hautrein пена за чистење на кожата, која овозможува темелно чистење и благ пилинг, помагајќи да се отстранат мртвите клетки од површината на кожата и да се исчистат порите.

Потоа се нанесува Balea BEAUTY EXPERT PLUMP & GLOW серумот за лице, кој обезбедува интензивна хидратација и свеж изглед, а неговата формула помага влагата да се задржи во кожата.

Рутината завршува со Balea AQUA гел крема за лице која со својата лесна гел текстура обезбедува интензивна влажност, а истовремено остава чувство на леснотија и свежина.

Сува кожа: удобност, смирување и долготрајна нега

Кај сувата кожа, фокусот треба да биде на задржување на влагата и чувство на удобност. Затоа, рутината што ја препорачува Лепосава вклучува нежно чистење, серум за интензивна хидратација и крема што помага кожата да биде помека, смирена и заштитена.

Лепосава прво го препорачува alverde hydro гелот за лице. Овој гел нежно и темелно ја чисти кожата, а притоа помага да се зачува нејзината природна влажност.

Потоа следува Balea Med Ultra Sensitive Intense серумот за интензивна хидратација, поддршка на кожната бариера и чувство на удобност.

За крај, тука е Balea Med Ultra Sensitive кремата која обезбедува долготрајна хидратација, ја прави кожата помека и помага таа да биде попријатна и позаштитена во текот на денот.

Без разлика дали вашата кожа е комбинирана, масна или сува, најважно е да ја слушате нејзината потреба и да изберете рутина што ви одговара вам. А со производите од Balea и alverde, секојдневната нега може да биде едноставна, практична и ефикасна.

Во dm, освен што можете да ги пронајдете вашите омилени производи за нега, со секоја сметка над 999 денари за производи за нега на кожа добивате и ebelin гуа ша камен – мало дополнување за уште повеќе уживање во вашата рутина.

 

Поврзани содржини